Пријавувањето ќе биде отворено на 22 февруари 2022.
Заради пополнување на предвидениот број на учесници пријавувањето е затворено и пред предвидениот рок 28 април.
Пријавувањето се врши преку нашиот партнер за пријавување www.smartrace.club , при што е задолжително да креирате свој профил.
ВАЖНО! При процесот на пријавување треба да го одберете вашето таргет време за кое планирате да ја завршите трката. Ве молиме да бидете реaлни и да не оставате неточни таргет времиња. Доколку се утврди дека некој учесник оставил неточно таргет време учесникот ќе биде преместен во последниот бокс. Промена на таргет време нема да биде возможно после завршување на пријавата.
Кликнете тука за упатство како да изберете таргет време
ВАЖНО: после завршувањето на процесот на пријавувањето (доделување на стартен број) нема да биде возможно промена на пријавата и промена на вашето таргет време.
Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови (кликни тука)
Стандарден пакет на котизација за учество на трката.:
> до 15 март 2022 - 850 ден.
> до 28 април 2022 - 950 ден.
Пакет со можност за рефундација*.:
> до 15 март 2022 - 1000 ден. (се рефундираат 850 ден)
> до 15 април 2022 - 1100 ден. (се рефундираат 950 ден)
*Доколку го одберете пакетот со можност за рефундација, за да се реализира рефундацијата во износ на 100% од износот на стандардниот пакет, ќе мора да испратите барање до 20 април 2022 на следнава емаил адреса skopje.run@gmail.com
Содржина на стартен пакет за трката на 10 км
Напомена: Трката ќе се одвива под протоколи кои ќе бидат актуелни во моментот на одржување на трката, а се пропишани од Комисијата за заразни болести и институциите во државата.
Секој учесник треба да ги прифати условите за учество при процесот на пријавување.
Во случај на презакажување на трката заради влошена епидемиолошка состојба во државата или од други непредвидени околности уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.